sin(x), радијани, единична кружница

Author:
LFS-MKD
Упаство: Најпрво забележи дека кружницата е единична кружница, т.е. има радиус 1. Кликни и влечи го лизгачот за аголот α. Забележи ја големината на α во степени и во радијани. (Иако пишувавме радијани како единица не треба!) Аголот α е внесен на x-оската како ДОЛЖИНАТА НА ЛАКОТ на единичната кружница за аголот α. Сега нема единица на x-оската. Прочитај ја оваа реченица се додека не ја разбираш. Кога агол се мери во радијани нема единица! Исто така нема единица на y-оската. Како и кога се користи единицата „степени“ (види погоре), вредноста на y-оската е вредноста на синусната функција за овој агол и е y-координатата на точката T.  (Да се потсетиме дека y-вредност на косинусната функција за овој агол е x-координатата на точката T.)