Плоштина и многуаголници

Задачи А (пониско ниво) 1.       Пресметај плоштина на правилен многуаголник со страна а=3,4cm aко a.       n=4                      b. n=5 2.       Пресметај ја страната на триаголник ако плоштината на триаголникот е 342cm2 и соодветната висина е 24cm. 3.       Основите на трапезот се 25 cm и 29 cm, a плоштината е 256 cm2. Определи ја висината на трапезот. 4.       Пресметај ја плоштината на ромб ако се дадени дијагонали 9,2 cm и 5 cm. 5.       Пресметај ја плоштината на правилен шестаголник со страна 8 cm. 6.       Пресметај ја плоштината на правилен десетаголник со страна 10 cm и апотема 3 cm. 7.       Oпредели ја плоштината на рамностран триаголник со страна 4 cm. 8.       Пресметај ја страната на квадрат со плоштина 144cm2.   Задачи Б (повисоко ниво) 1.       Плоштината на рамностран триаголник е 9Ö3cm2. Пресметај ја страната на триаголникот. 2.       Основите на трапезот се 36cm и 12cm, a кракот  долг 7cm образува агол од 150° со едната основа. Пресметај ја плоштината на трапезот. 3.       Колкава е плоштината на ромбот ако пократката дијагонала е 2,2 cm, а подолгата е пет пати поголема? 4.       Пресметај ја плоштината на правилен шестаголник ако дијаметарот на опишаната кружница околу него е 8cm. 5.       Определи ја плоштината на паралелограм со висина hb=7,5cm и страната b која е 30% oд hb. 6.       Периметарот на еден правоаголник е 64 cm. Определи ја плоштината на правоаголникот ако должината му е три пати поголема од ширината. 7.       Одреди ги периметарот и страната на правилен осумаголник со апотема 3 cm и плоштина 48cm2. 8.       Периметарот на квадрат е 32,4cm. Пресметај ја плоштината на правоаголник со ширина еднаква на ⅓ од страната на квадратот и должина два пати поголема од неа.     9.       Пресметај ја плоштината на фигурата