Јаболкници
Јаболкници
Еден земјоделец засадил јаболкници во еден квадратен овоштарник. За да ги заштити јаболкниците од ветрот насекаде засадил и борови околу овоштарникот. Погледни го дијаграмот за да го видиш распоредот на јаболкниците и боровите за кој било број n на редици со јаболкници.
Прашање 1
Со помош на дијаграмот одреди колку борови има ако е засадена само една јаболкница?
Прашање 2
Со помош на дијаграмот одреди колку борови има ако се засадени 4 јаболкници?
Прашање 3
Колку борови има засадени за 3 редици јаболкници?
Прашање 4
Ако бројот на јаболкници во n-тата редица се пресметува со формулата , а бројот на борови со формулата , тогаш во која редица ќе има ист број на јаболкници и борови? Образложи го одговорот!
Прашање 5
Земјоделецот сака на овој начин да направи многу поголем овоштарник. Кој број ќе се зголемува побрзо со зголемувањето на овоштарникот, бројот на јаболкници или бројот на борови? Образложи го одговорот!