Google Classroom
GeoGebraGeoGebra Classroom

Ротирачка врата

Ротирачка врата-Движи ја точката С или избери "play" за да се движи сама

Ротирачка врата

Ротирачка врата се состои од три крила кои се вртат во внатрешноста на кружниот простор. Внатрешниот дијаметар на тој простор е 2 метри ( 200 центиметри). Трите крила го делат просторот на три еднакви дела. На скиците подолу се прикажани крилата на кружната врата во три различни положби, гледано од горе.

Прашање 1. Колку е големината на аголот ( во степени) формиран од две крила на ротирачката врата?

Прашање 2: Два отвори на вратата ( лаците означени со точки  на скицата) се со иста големина. Ако овие отвори се многу широки, крилата не би можеле да го затворат просторот и воздухот ќе може слободно  да циркулира, предизвикувајќи губење на топлина или непосакуван пораст на температурата. Која е најголемата должина на лакот во сантиметри кој може секој отвор на вратата да го има , а воздухот да не може слободно да циркулира меѓу влезот и излезот?

Прашање 3. Вратата прави 4 полни завртувања за една минута. Во секој од трите дела на вратата може да застанат најмногу две лица. Колку најмногу луѓе може да влезат во зградата низ вратата за 30 минути? А. 60. B.180. C. 240. D. 720.