Геометриска веројатност

Autor:
Zoran
Отсечка со должина 10 единици, со две точки да се подели на три делови. Да се определи веројатноста од така добиените отсечки да се конструира триаголник.
Клкни на копчето старт и набљудувај ја површината што се исцртува. Со чекирање на копчето за Елементарни настани, ќе се обои површината за која точките преставуваат елементарни настани кои може да се случат, а со чекирање на копчето за поволни настани ќе се обои површината за која точките преставуваат поволни елементарни настани за настанот, конструиран е триаголник од добиените три отсечки. Што треба да биде исполнето за поделбата, за да може да се конструира триаголник? Колку е веројатноста на настанот А-триаголникот може да се конструира. P(A)=(25/2)/(100/2)=1/4=0,25 (Плоштина на рамнокрак правоаголен триаголник со крак 5 единици/ плоштина на рамнокрак правоаголен триаголник со крак 10 единици)