Google Classroom
GeoGebraGeoGebra Classroom

Gradinarska konstrukcija na elipsa

Меѓу точките А и В произволно е изберена точка С. Точките F1, F2 се клинчињата од ”градинарската конструкција”. Нивното меѓусебно растојание може да го менуваме со поместување на точките, но тоа растојание мора да биде помало од должината на конецот. За да ја конструираме елипсата, треба прво да конструираме кружница со центар во F1 и радиус r1 и кружница со центар во F2 и радиус r2 . Потоа ќе ги најдеме пресечните точки F и G на овие две кружници. На овие пресечни точки ќе им вклучиме трага. Со поместување на точката С која се наоѓа меѓу точките А и В , точките F и G со своите траги ќе опишуваат елипса. Ако сакаме да добиеме траен траг, ќе ја повикаме алатката за ГМТ (lokus), па ќе кликнеме на едната пресечна точка, па на точката С и на другата пресечна точка, па на точката С. Со менување на растојанието од А до В и на растојанието од F1 до F2 ќе се добиваат елипси кои се разликуваат меѓу себе по формата. Ако растојанието од А до В биде помало од растојанието од F1 до F2 , конструираните кружници нема да имаат пресечни точки, што значи неможе да се конструира елипса.