Конструкција на нормала на права

За да конструираме нормала на права низ дадена точка C 1. Одредуваме две точки на правата кои се подеднакво оддалечени од точката C (точките D и E): цртаме кружница со центар во C и произволен радиус r1. Точките D и E се пресечните точки помеѓу таа кружница и правата 2. Конструираме симетрала на отсечката DE: цртаме кружници со центар во точките D и E и еднаков произволен радиус r2. 3. Ја цртаме правата n која минува низ пресечните точки G и F.